На денешен ден во 1875 во Охрид е роден Методија Патчев, македонски војвода, еден од најпознатите револуционери од пред Илинденското востание на македонскиот народ.

Со песна, после 24-часовна борба, Методи Патчев и неговите соборци со последните куршуми извршиле групно самоубиство.
Со пригодна програма во организација на Општина Охрид, ОМУ „Методи Патче“ и НУ Завод и Музеј Охрид денес ќе биде одбележан јубилејот 150 години од раѓањето на македонскиот војвода Методи Патче.
Активностите во рамки на програмата започнуваат во 10:30 часот за кога е предвидено положување цвеќе пред спомен бистата на Патче во градскиот парк. Во 11:00 часот во спомен-куќата на Христо Узунов ќе се одржи свечената академија по повод јубилејот.
Во рамки на културно-уметничката програма ќе настапи женскиот хор „Acordis“, по што ќе следи драмска изведба на адаптирани историски факти: „Гласот на револуцијата“ од м-р. Михаил Патчев во изведба на ученици од ОУ „Ванчо Николески“, а предвиден е настап и на учениците од ОМУ „Методи Патче“.
OhridNews











