Aтина Бојаџи беше жива легенда на македонското маратонско пливање. Родена е во Охрид на 13 март 1944 година. Уште на 11- годишна возраст успева да ги собори сите македонски рекорди во пливање на кратки патеки во слободен и делфин стил.

Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година (на истиот ден десет години порано и Нико Нестор го препливува Ла Манш) и со тоа станува првата жена која го остварила овој успех. Во 1975 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи снимен е филмот „Исправи се, Делфина“ на Александар Ѓурчинов, со Неда Арнериќ во главната улога. Самата Бојаџи е еден од соработниците на филмот.
Пливачката кариера подоцна ја заменува со тренерска, најнапред во белградскиот клуб „Црвена звезда“, а потоа и во спортски центар во Лос Анџелес, САД. Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието великан на македонскиот спорт, а во 2000 година дневниот весник “Утрински весник“ ја прогласува за спортист на векот.
Почина во Скопје на 66 годишна возраст.
OhridNews











