На денешен ден во Охрид се родил Григор Ставрев Прличев, истакнат македонски писател од времето на романтизмот и значаен претсавник на македонската книжевност од XIX век. Овој генијален книжевник според јазичната припадност е тродомен автор: грчки, бугарски македонски и ги обединува во себе нивните специфични карактеристики, епохата во која живее и работи, како и класицизмот и романтизмот како стилски белези.

Во 1860 ја добива наградата на големиот атински конкурс за најдобра поема на грчки јазик, паричен дел и ловоров венец. Истата година делото излегува од печат. Поетската творба „Сердарот“ се смета за апсолутен врв на сиот влог што во уметноста на зборот овој творец го дал. За неа авторот во Атина го добива од критиката епитетот Втор Хомер. Други позабележителни негови творби се Автобиографијата и словото-есеј „Чувај се себеси“, поемата „Скендербег“ и мала серија песни за деца кои се сметаат за родоначалнички во македонската литература.
OhridNews











