Нов сингл на прерано згаснатата музичка ѕвезда Тоше Проески, ќе биде објавен по повод 25-ти јануари, денот на раѓањето на најомилениот пејач на Балканот.

Како што пренесуваат специјализираните музички портали, автор на песната е хрватскиот композитор Миро Буљан.

Според најавите по повод 10-годишнината од смртта на Тоше се подготвува нов албум, за што засега не се откриваат повеќе детали.

Тоше Проески е роден на 25-ти јануари 1982 година. Тој трагично го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи на 16-ти октомври 2007 година.

OhridNews