
Во музичкиот дел ќе настапи ансамблот „Билјана – јуниор“, кој ќе потсети на славните денови на охридската староградска музика, која долги години ја негуваше оригиналниот состав, чиј член беше и неодамна починатиот Кузман Поп Стефанија.
Забавата ќе продолжи со настап на 25 музички уметници од градот кои ќе изведуваат староградски песни и мелодии од охридскиот крај.
Покрај ова предвидеа е и изложба на рибарска опрема, како и други пропратни манифестации, кои ќе го збогатат Денот на рибарите.











