Најпосетуваниот интернет медиум  во поширокиот регион, OhridNews, деновиве го доби  10.000-от фан на социјалната мрежа Facebook, каде весникот секојдневно комуницира со своите обожаватели, доближувајќи им ги настаните кои се случуваат во Охрид, земјата и пошироко.


На дeсетиците илјади читатели на OhridNews се придодадоа и 10.000 фанови на Facebook

Растот на бројот на обожаватели на Facebook е уште една потврда на  високата доверба која OhridNews ја ужива како медиум, кој дневно остварува над 20.000 уникатни посети и има преку 70.000 прочитани содржини и е единствен интернет медиум од градот кој се најде на националната листа на 100 најрелевантни портали во Македонија. Сето тоа се темели на  професионализам, објективно и избалансирано информирање, и почитување на етичките норми, кои за жал секојдневно се кршат од неодговорни поединци и онлајн медиуми кои во очајните обиди да бидат забележани грубо манипулираат со јавноста изнесувајќи непроверени, а неретко и тенденциозни информации. Истите служејќи се со шпекулации во кои провејува непримерен речник се обидуваат да го девалвираат успехот на професионалните медиуми, зад кои стојат резултати, општествени и еснафски признанија, кои пред се се темелат на стекнатата доверба во јавноста, која секогаш знае да ги препознае вистинските вредности.

Тие вредности ќе бидат наш приоритет и во иднина, бидејќи на тоа не обврзуваат десетиците илјади читатели и фанови, на кои неизмерно им благодариме што секојдневно се со нас.

OhridNews