Македонскиот ракометен првак Вардар мала утеха за поразот од Барселона (30-26) во дербито на колото во Лигата на Шампиони најде во голманот Калифа Гедбан. Една од неговите одбрани во текот на мечот е прогласена за најдобра во изборот на ЕХФ.

Во останатиот избор нема ракометари од Вардар, а Барселона во името на Лудовик Фабрегас има еден преставник во изборот на најдобрите голови.

Видео прилогот на најдобрите одбрани можете да го погледнете тука, а најдобрите голови тука.

Идеалниот тим:

Лево крило: Гудјон Валур Сигурдсон (Рајн Некар)

Лев бек: Симон Јепсон (Флензбург)

Среден бек: Баруш Пукоски (Мотор Запорожје)

Десен бек: Амин Банур (Динамо Букурешт)

Десно крило: Марио Лопез (Адемар Леон)

Пивот: Јаник Колбахер (Рајн Некар)

Голман: Урх Кастелиќ (Загреб)

OhridNews