Најдобриот фудбалски арбитар во Франција, Клеман Турпан ниту крив ниту должен се најде во центар од скандалот со шверц на дрога. Четири лица го искористиле идентитетот на познатиот судија и од Франција во Белгија со автомобил кој бил на име од Турпан, префрлиле големо количество на дрога. Не се работи за грабеж на возилото, туку мафијата успеала да го регистрира на име од Турпан.

Француската полиција го лоцирала возилото и ги уапсила лицата, а при претресот на автомобилот биле пронајдени 650 000 евра, оружје и дрога.

  • Јас не живеам во местото каде е запрено и запленето возилото, ниту имам станови и имот таму. Без моја волја сум вмешан во случајот, но ова е уште еден доказ дека да си фудбалски судија е опасно. – изјави кратко Турпан.

Французинот ја делеше правдата на мечот помеѓу Јувентус и Ајакс во 1/4 финалето, а се очекува доверба да добие и за некој од завршните мечеви во Лигата на Шампиони.

OhridNews