Брод „Армада“

Од 04.08.2021 - 20:00 до 04.08.2021 - 21:30

Лето е, време е за одмор, релаксација и добра забава. А најдоброто опуштање, секако, е со добар хумор, бидејќи насмевката го продолжува животот, докажано.

Екстра доза креативен хумор на 4 август нуди стендап маратонот под отворено небо, кој оваа година плови на бродот „Армада“. Најдобрите од стендап сцената во Охрид настапуваат заедно во шоуто „The Best of Stand up“ од 20 часот.

Влезници за настанот што ќе се одржи на бродот „Армада“, во ограничен број, можат да се резервираат на 075 283 066 или да се купат онлајн.

Претпродажба 250 ден. на ден на шоуто 300 ден.

OhridNews