МВР поднесе кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство во Скопје против 30-годишен скопјанец поради основи на сомнение дека извршил кривично дело “тешка кражба на дрзок начин“, притоа стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 73.000 евра.
Лицето на 12-ти овој месец нешто по 07 часот, на бензинска пумпа на автопатот Куманово- Скопје забележал дека во возилото на оштетениот има торбичка со пари, која што била на совозачко седиште од автомобилот. Откако оштетениот тргнал со своето возило, напуштајќи ја бензинската пумпа, во правец кон Скопје, бил престигнат од возилото на пријавениот кој во еден момент со десната рака почнал да покажува кон десното задно тркало од возилото на оштетениот сигнализирајќи дефект. Оштетениот застанал и се упатил кон задниот дел од возилото за да провери за што станува збор, а пријавениот во тој момент ја одземал торбичкаата и избегал.
Веднаш по пријавата презмени се мерки и активности. Лицето било приведено, а во полициска станица извршено е и препознавање на обвинетиот.
Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот веќе му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.
OhridNews