На две локации во Охрид поставени се специјални конструкции за собирање пластични капачиња во рамки на проектот „Секое капаче е вредно“.
Едната е кај плоштад Мини Маркет, а другата пред ресторан Летница на самиот влез од чаршијата. Сите заинтересирани кои сакаат да ги донесат собраните капачиња, тоа можат да го направат на овие локации. Ги очекуваме граѓаните и компаниите од Охрид да се приклучат на иницијативата во што поголем број, информираат организаторите.
Главна цел на проектот е да се активираат граѓаните со цел да соберат што е можно повеќе пластични капачиња. Собраните капачиња ќе бидат превземени за рециклирање преку што директно се помога на подобрување на животната средина.
Хуманитарниот аспект на овој проект е насочен кон сите детски одделенија во целата држава на кои им е потребно сериозно реновирање и овозможување на подобри услови за лекување.
Средствата кои ќе бидат собрани од откупот на рециклираните капачиња во Охрид ќе се донираат за опремување на новиот Дневен центар за децата со церебрална парализа, чие отварање е поддржано од Општина Охрид, информираат од Општина Охрид.
Кон иницијативата „Секое капаче е вредно“ се прикучи Еколошкото друштво „ЕКО-ЛАГ“ од Охрид.
OhridNews













