На едно просечно честиричлено семејство во октомври 2014 година му биле потребни околу 523 евра или точно 32.086 денари само за да ја покрие минималната синдикална потрошувачка кошничка, пресмета Сојузот на синдикати на Република Македонија.
Според табеларниот приказ од ССМ, за месец октомври биле потребни:
13.418 денари за Исхрана и пијалоци
10.300 денари за Домување
2.193 денари за Хигиена
2.339 денари за Превоз
2.096 денари за Облека и обувки
1.070 денари за Култура
666 денари за Одржување на здравје
Инаку според последните пресметки на Државниот завод за статистика просечната нето плата во Република Македонија изнесува 21. 217 денари.
OhridNews