На стадионот Енфилд каде настапува Ливерпул победи гласот на навивачите откако сопствениците на „црвените“ ја повлекоа можноста за поскапување на билетите.


Американските бизнисмени доставија предлог за поскапување на билетите од 59 на 77 фунти што наиде на големо противење на навивачите.

Скоро 20 000 подржувачи на Ливерпул на дуелот со Сандерленд на Енфилд во 77-та минута го напуштија стадионот во знак на револт.

Сопствениците попуштија, а примерот на фановите од „црвените“ ќе го применат и навивачите од останатите екипи кои се „жртви“ на поскапи билети.

Исто така цената на влезниците ќе остане иста без разлика на противникот кој гостува на Енфилд.

OhridNews