На социјалната мрежа Фејсбук отпочна граѓанска кампања „: „Доста веќе, гајле ми е кој прв почна“, која има за цел да го искаже незадоволството на граѓаните од актуелните состјби во државата предизвикани од однесувањето на власта и опозицијата, што резултира со насилство, протести и поделба на народот.

„Улиците ни се блокирани, Парламентот не функционира, и цел свет ни се чуди … затоа што Црвенковски ги повика своите парламентарци и следбеници на граѓанска непослушност…затоа што Груевски нареди да ги тепаат опозиционите парламентарци…затоа што Црвенковски им нареди на своите парламентарци физички да го блокираат усвојувањето на буџетот за 2013 година…затоа што Груевски ги заобиколи процедурите на Парламентот при усвојувањето на буџетот…затоа што Црвенковски спротивно на демократскиот дух се обиде да го оневозможи усвојувањето на буџетот, затоа што доаѓаат избори и Груевски сака, како и на претходните избори, да ја плати кампањата на ВМРО ДПМНЕ со државни, т.е народни, пари… затоа што Црвенковски не смее да дојде на власт бидејќи ќе ја упропасти економијата како што покажа дека умее во својот прв мандат…затоа што Груески… затоа што Црвенковски… Груевски… Црвенковски..ДОСТА ВЕЌЕ, гајле ми е кој прв почна!!!“ – стои во повикот до граѓаните кој од денеска кружи на Фејсбук.

Иницијаторите посочуваат дека ниту лидерот на владејачката партија, ниту лидерот на опозцијата немаат право во име на своите поддржувачи да ја ограничуваат слободата на 2 милиони граѓани и бараат тие да престанат со таквото однесување, кое го нарушува угледот на земјата во светот.

OhridNews