Петмина навивачи на македонската фудбалска репрезентација од Кавадарци се повредени во инцидентот што вчера околу 17 часот се случил во близина на поликлиниката кај Бит пазар. Во моментот кога тие се движеле кон арената „Филип Втори“ без никаков повод биле нападнати од група од петнаесетина возрасни лица. Нападнатите се здобиле со видливи повреди по лицето и телата, а по укажаната лекарска помош во Ургентниот центар во Скопје, кавадарчаните биле пуштени на домашно лекување.
Полицијата презема мерки за расветлување на инцидентот.
МВР денеска соопшти дека квалификацискиот натпревар Македонија -Хрватска, одигран синоќа во Скопје минал без посериозни инциденти. Четири лица, сите од Скопје, заработиле прекршочни пријави поради расправија на стадионот, се наведива во полицискиот билтен.
На мечот присуствуваа околу 800 навивачи од Хрватска кои под силно полициско обезбедување беа спроведени до и од арената „Филип Втори“.
Г.М.