Денеска на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, одликувани беа студентите кои го завршија своето образование во оваа високообразовна институција. Новопочените академски граѓани полни со оптимизам околу новите успеси, а деканот и наставниот кадар со желба овие студенти да не застануваат тука со своето образование.


Денес имаме чест да ги позравиме нашите завршени студенти со една порака, дека ова е само едно скалило во нивниот професионален развој. Им посакуваме да искачат уште многу скалила, а секое ново значи задоволство и проширување на нивните хоризонти во кариерата. Во истовреме им посакуваме да го најдат своето место во системот, со што ќе придонесат за развој на целокупното општество во земјава.“  – изјави деканот на ФТУ од Охрид, професор д-р Сашо Коруноски.


Коруноски потенцира дека на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, студентите ќе можат да го доуусовршуваат високото образование. „Факултетот има едно и две годишни магистерски студии, а исто така имаме и акредитација за докторски студии, со што вратите се отворени за сите циклуси во високото образование“ – додаде Коруноски.


Студентите се надеваат дека преку стекнатото знаење ќе им се отворат вратите за работа ширум земјава. „Во иднина очекувам дипломата да ми донесе многу успех, за да можам понатака да продолжам. Образовниот процес одеше добро, преку кој научивме многу работи. Се надевам дека ќе продолжам да студирам на постдипломските студии.“ – вели студентка која денеска ги заврши додипломските студиите на овој факултет.


Инаку, порај студентите на додипломските програми, денеска дипломии добија и неколку магистри, односно, постдипломци кои своето високо дообразување го извршија токму на оваа високообразовна институција.

OhridNews