На Факултетот за туризам и угостителство во Охрид започна третата обука во рамките на тренинг програмата и мрежа „Оддржлив туризам”.
На обуката учествуваат 15-тина учесници, професори и професорки од факултетот, како и претставници од туристичките субјекти во земјава.
Како што информираат од ФТУ, целта на обуката е да се анализира туризмот во Охридскиот регион согласно сознанијата на тема оддржлив туризам.
Ова е прв заеднички проект на ФТУ и германскиот Универзитет за применети науки Еберсвалде, кој е финансиски поддржан од Германската сојузна фондација животна средина.
Обуката на ФТУ Охрид започна во мај минатата година, а наредната обука ќе биде месец август, која на учесниците ќе им овозможи да запознаат најдобри примери за одджлив туризам во Берлин и Бранденбург, како и да остварат контакти со потенцијални туристички партнери во Германија.
Содржините на оваа тренинг обука ќе ја збогатат референти од германската компанија „Инспектур“. За да можат учесниците практично да ги искусат стекнатите знаења во рамките на програмат, предвидени се средби со претставници на општина Охрид и Национален парк „Галичица“, а ќе бидат реализирани и неколку кратки ескурзии, информираат од ФТУ Охрид.
OhridNews