На крајот на август е првиот уписен рок за студентите во новата академската 2022/2023 година. На охридските факултети има слободни места за упис на 347 студенти на Факултетот за туризам и угостителство и 440 студенти на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“.
Првиот уписен рок на идните студенти на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид е на 29 и 30 август. Вториот уписен рок е на 14 и 15 септември, додека третиот на 26 септември. Слободни има вкупно 347 места во државната квота, како и во квотите со ко-финансирање и вонредни студии.
Идните бруцоши на ФТУ можат да бираат помеѓу студиски програми: туризам каде има слободни 80 места, осигурување – 63, хотелско ресторански менаџмент – 32, царина и шпедиција – 68, гастрономија – 24, менаџмент во услужниот сектор – 48, студиска програма по англиски јазик во смерот туризам – 16 и во смерот царина и шпедиција – 16.
Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 1.09.2022, додека за вториот и третиот уписен рок на 19.09 и на 27.09.2022.
На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ Охрид има место за упис на 440 студенти во студиската 2022/2023 година.
Компјутерски науки и инженерство 31 студент со три години студии во државна, квота со ко-финансирање и вонредна, додека 49 со четири години студии. Комуникациски мрежи и безбедност 31 студент со три и 49 студенти со 4 години студии во трите квоти.Машинска интелигенција и роботика 26 студенти со три и 44 со четири години студии.
Првиот уписен рок и на Универзитетот за информатички науки и технологии „Свети Апостол Павле” Охрид во учебната 2022/2023 година, е на 29, 30 и 31 август, вториот уписен рок на 19 и 20 септември, додека третиот на 28 септември.
Прелиминарните резултати од пријавувањето во првиот уписен рок ќе бидат истакнати на 5.09.2022, додека за вториот и третиот уписен рок на 22.09 и на 29.09.2022 година.
Н.С.Ј.












