Во организација на МАИВП, од 25-ти до 27-ми јануари на планината Галичица се одржа најмасовниот зимски семинар под шатори.
Околу 30 учесници, на падините под врвот Магаро и во спасителната станица на Липова ливада при Црвениот крст Охрид, го обработија практичниот, односно теоретскиот дел од обуката за водичи на планина.
Покрај оваа обука, учесниците се стекнаа со знаење за полагање на завршните испити кои треба да се одржат во февруари. Исто така, семинарот беше наемент и за обновување на важноста на легитимациите, на претходно лиценцираните водичи.
Според Генералниот секретар на МАИВП, Антонио Додевски, сите зедно придонеле во организацијата на овој масовен семинар. „Голема благодарност до сите оние кои пројавија интерес и учествуваа. Се надевам дека сите заминавме задоволни и побогати со нови знаење и искуства.“ – истакнува Додевски.
Дел од работните теми кои беа опфатени на семинарот се: Движење по планински терен во зимски услови, движење со дрезги, примена на Алпинистички техники (сидришта, наврски, падови), бивак во планина, организирање на камп на планина во зимски услови и основи во лавинологија (потрага на затрупан во лавина).
За во иднина, како што потенцира од МАИВП, ќе се организираат уште неколку слични семинари, како учесниците би се стекнале со нови знаења и вештини.
OhridNews
фото: Миле Илоски