Кратко невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град го зафати охридскиот регион попладнево.
На планината Галичица падна нов снег кој речиси стигна до подножјето.
Студениот бран значително ја намали дневната температура, а според најавите викендов минималната на места ќе се спушти под нулата. Во Охрид претстојниот викенд ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и максимална температура до 13 степени.
OhridNews