Граѓаните на изборите со гласачкото ливче ќе треба да оставаат отпечаток од прст за да се отстранат какви било манипулации при гласањето. Се зголемува цензусот од 2 на 25 проценти од пријавени гласачи при избор на пратеник од дијаспората, поголемиот дел од Дебар од Шестата се префрла во Петтата изборна единица и во време на изборна кампања освен министрите и пратениците сега и градоначалниците не ќе смеат да сечат ленти или да поставуваат камен-темелници, информира весникот „ Дневник“, за дел од новините на Изборниот законик, подготвени од работната група при Министерството за правда, по препорака на ОБСЕ и ОДИХР и Венецијанската комисија.
Како што пишува „Дневник“, работната верзија на Изборниот законик за новите правила за спроведување на изборите веќе е доставена до партиите и пратеничките групи во Собранието.
Замислата е пилот-проектот првично да биде спроведен во две пилот-општини и тоа во два изборни циклуса без оглед за кои избори станува збор. Во зависност од резултатите ќе се одлучи дали во третиот изборен циклус отпечатокот ќе стане составен дел од гласањето. Намерата е, како што велат изворите на весникот, е да нема ниту трошка сомневање во регуларноста при гласањето на изборите, односно да се отстрани можноста од манипулации од типот гласање за друг, групно гласање или едно лице да гласа повеќепати или на повеќе гласачки места.
ЈЗУ Општа болница Охрид доби значајна донација на медицински помагала кои ќе придонесат за подобрување на условите за лекување, рехабилитација и секојдневна грижа за пациентите Во рамките на донаци...
Утре, 18 јуни, со почеток во 20 часот, во Култ Културен Центар во Охрид ќе биде изложбата на Принц Петар Дуганџиќ, уметник од БиХ, кој живее и создава во Хрватска За музичкиот дел на вечерта ќе се ...
Сопствениците на пловни објекти – кајчиња треба истите во најкраток временски период да ги отстранат од крајбрежниот појас кај локалитетот „Сараиште“ и во рибарската населба „Пештани“, информираат ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.