По повод Светскиот ден на бездомните животни, 4-ти април, Здружението за заштита на животните „Анималиа” од Охрид со почеток од 13 часот ќе организира јавен настан на граскиот плоштад, на кој ќе има едукација со цел подигнување на свеста за бездомните животни и за тоа како граѓаните да постапуваат со нив.

Во рамките на настанот, ќе бидат делени флаери и промотивни материјали, а ќе бидат собирани и донации кои ќе бидат употребени за бездомните животни сместени во кафезите на „Анималиа“.

Донациите може да бидат и во облик на храна за животни или лекови. Со нас ќе ги понесеме и нашите станари (бездомни животни) од кафезите, со надеж дека ќе им најдеме домче.“ – велат од охридското Здружение „Анималиа“.

Инаку, вакви акции по повод денот на бездомните животни ќе бидат организирани насекаде во светот, но и ширум Македонија.

OhridNews