Продолжува програмата „ Од 20-ти до 20-ти сите во Охрид“. И за денеска се предвидени низа активности и забава за сите генерации. Организаторите најавуваат Фестивал на палачинките што ќе се одржи кај Новогодишната куќа на градскиот плоштад. Во соработка со најдобрите охридски ресторани и хотели, за најмладите се организира посебен ден посветен на нивниот омилен десерт палачинките. Богата музичка и забавна програма, Дџ, Дедо мраз и вкусни палачинки за охриѓанчињата и гостите.

Забавата продолжува и вечерва. Од 20 до 22 часот ќе има вечерен концерт во отворената куќичка со локален артист. Од локалната самоуправа информираат дека поради врнежите од дожд, се направени помали измени во програмата на проектот. Изложбата на отворено на фотографии од Охрид во голем формат ќе биде свечено отворена во четврток, 18-ти јануари во 12:30 часот на платото – малиот плоштад кај поранешна Библиотека.

Претходно, во 12:00 часот, на посебно прилагодениот простор позади споменикот на Св. Климент на Градскиот плоштад ќе започне и Фестивалот на графити и модерна уметност.

OhridNews