Во рамки на чествувањата на Денот на патронот на Охрид, Свети Климент Охридски, денес, на градскиот плоштад се одржа настан: Младите во чест на Свети Климент . Настапија децата од охридските градинки, како и ученици од основните училишта.

Чествувањата продолжуваат и утре, кога во 16 часот од градскиот плоштад ќе има групно поаѓање кон Светиклиментовата црква на Плаошник. Во 18 часот, во Центарот за култура, ќе се одржи свечена приредба по повод патрониот празник  на ОУ  „Св. Климент  Охридски“, а во 18.30 часот по повод својот патронат, свечена приредба ќе одржи и ОСУ „Св. Климент  Охридски” во просториите на училиштето.

OhridNews