Непријавена стока за која постои основно сомнение дека е предмет на извршено кривично дело,  е откриена на граничниот премин Свети Наум на излез од државава.

Се работи за 568 парчиња различна стока, меѓу кои челични винкли и плочки, челични ќошиња, држачи, штрафови со мутери, клинови и стеги, која царинските службеници ја откриле во патничко моторно возило со грчки регистарски таблички, управувано од албански државјанин со кој бил уште еден сопатник.

Додека царинскиот службеник вршел преглед на возилата, сопатникот во возилото најпрво се упатил во тоалетот за патници, а потоа се вдал во бегство преку ридот на преминот. За неговото бегство веднаш се информирани албанските погранични служби.

Како што информираат од Царинската управа, откриената непријавена стока е привремено задржана, а за случајот е известено Министерството за внатрешни работи.

Против инволвираните лица ќе биде спроведена соодветна постапка.

OhridNews