Како што информираат од АМСМ, на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека околу еден час и 30 минути. На другите гранични премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.
Инаку, сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози, информираат од АМСМ од каде препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.