Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, информираат од АМСМ.

Зголемена фреквенција на возила има на граничните премини Богородица и Деве Баир, каде времето на чекање за излез од државата е од 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

OhridNews