Како што информираат од Авто- мото сојузот на Македонија, денес забележана е зголемена фреквенција на возила на патниот правец Е – 75 од Табановце кон Богородица.

На граничните премини Богородица и Табановски времето на чекање е 30 минути, поради зголемената фреквенција на возила. На Меџитлија и Дојран  времето на чекање е околу 15 минути.

Од АМСМ на возачите кои планираат да тргнат на подолг пат, им советуваат доколку се во можност, тоа да го сторат во раните утрински или доцните попладневни часови, за да ги избегнат високите температури во текот на денот.

OhridNews