Доаѓањето на Пеп Гвардиола во Премиер лигата е топ тема во англискиот фудбал. Сите новинари и менаџери на свој начин го анализираат неговото доаѓање, а свое видување околу шпанскиот стручњак даде менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп.
Тој може најдобро да објасни што го очекува и со какви проблеми ќе се соочи Гвардиола бидејќи и двајцата од лига се пресели(ја) во Премиер лигата.
– Немам некој посебен совет за Гвардиола. Него единствено што ќе му треба е време бидејќи се друго го има. Гвардиола е еден од најдобрите тренери на светот. Работеше во два големи клуба со успеси, а сега се наоѓа пред голем предизвик. Тој во Англија доаѓа по трофеи како што беше во Барселона и Баерн Минхен. Ќе биде интересно пак да се сретнеме, да ги одмериме силите, не очекуваат многу возбудувања следната сезона. – рече Клоп.
Минатата сезона Гвардиола ја доби битката со Клоп во Бундес лигата, но ја загуби во Купот на Германија откако „милионерите“ ги елиминираа во полуфиналето.
OhridNews











