На хуманитарниот коцерт посветен на Тоше Проески, што се одржа викендов во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид, беа собрани 20221 денар, соопшти организаторот.

Собраните средства ќе бидат донирани на Центарот за грижа на лица со пречки во развојот „Зраци“ – Охрид.

Воедно, иницијаторите на хуманитарниот концерт упатуваат апел до бизнис заедницата, во рамки на своите можности, да ја помогне работата на дневниот центар „Зраци“.

OhridNews

Фото + видео: Со хуманитарен концерт охриѓани го одбележаа роденденот на Тоше Проески