Последниот ден од преодниот рок во лигите од големата петторка донесе вистински возбудувања.

До сега реализирани се повеќе атрактивни трансфери. Веста на денот е дека Ливерпул се согласил да исплати 125 милиони фунти + бонуси за шведскиот напаѓач од редовите на Њукасл јунајтед, Александар Исак, со што е поставен нов трансфер рекорд во Премиер лигата, пренесува „Скај спортс“.

Голманот на ПСЖ Џанлуиџи Донарума за 39 милиони евра се пресели во Манчестер сити, а доскорешниот прв голман на „граѓаните“ Едерсон, се пресели во Фенербахче.

Денеска заврши и сагата околу бразилскиот напаѓач Антони кој се откажа од дел од платата со што се реализира неговиот трансфер во Реал Бетис каде минатата сезона настапуваше како позајмен играч.

Г.М.