На претстојните избори, СДСМ и коалицијата што ја предводи ќе настапи со тандем носители, маж и жена во сите изборни единици, соопшти денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на заедничката прес конференција со потпретсдателката Радмила Шеќеринска, посветена на правата на жаената.
Во секоја изборна единица ќе има носителка жена на листата, односо ќе има двајца носители, ќе има по еден носител маж и една носителка жена на првите две места кои паралелно ќе го покриваат теренот. – рече Заев.
На празникот на жената, 8 Март, Шеќеринска ги презентираше политиките на СДСМ во насока на подобрување на положбата на жените во општеството. Притоа, како што беше најавено, 50% од кандидатите за пратеници на Избирачкитре листи за претстојните предвремени парламентарни избори, ќе бидат жени.
Во однос на објавените аудио материјали кои се однесуваат на Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, претседателот Заев истакна дека партијата СДСМ уште во 2016 години ги предала сите материјали до Специјалното јавно обвинителство, а институциите сега треба да истражат кој и од каде објавува прислушувани материјали.
Дефинитивно ние ја завршивме нашата обврска и при крајот на 2016 година ги предадовме сите материјали во СЈО. Објавивме пакет од 35 „бомби“ и кога постигнавме договор за пржинска влада застанавме, материјалите ги спакувавме на хард-дискови и текстуално и ги предадовме. Да не заборавиме кој прислушувал во државата. Само дел од тие материјали стигнаа кај нас, 30 отсто од материјалите што се создадени ги добивме, останува веројатноста дека има материјали насекаде. – порача Заев.
OhridNews