Според неофицијалните податоци на ДИК, Kоалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ освои 12480 гласови на парламернтарните избори во Охрид, додека Коалицијата предводена од СДСМ 10813. Разликата во освоените гласови помеѓу најголемите политички ривали во Охрид изнесува 1667 гласа.

Севкупно, пак, во 5 Изборна единица во која спаѓа Охрид, најмногу гласови освои Коалицијата предводена од СДСМ 56576, пред ВМРО ДПМНЕ со 55133 гласа и ДУИ 21740 (1545 во Охрид).

Според симулацијата на ДИК, ВМРО ДПМНЕ и СДСМ во петка освоиле по 8 мандати ДУИ – 3, а Алиијанса за Албанците 1.