Општина Охрид организира јавен увид и јавна расправа по Извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина за измена и дополна на ДУП за УЗ 2,дел од УБ 2.4 ,опфат 1.
Како што информираат од Локалната самоуправа, извештајот за стратегиска оцена на влијанието на животната средина е изложен во соба бр. 56 во Секторот за урбанизам и заштита на животната средина, во Општина Охрид секој работен ден од 8 – 16 часот почнувајќи денеска се до 11.12.2012год.
Јавната расправа ќе се одржи на ден 23-ти ноември во малата сала на Општина Охрид, со почеток во 12 часот.











