Во текот на вчерашниот ден на граничниот премин „Ќафасан, пресечен е меѓународен канал за шверц на опојна дрога марихуана.
По претходно добиено сознание за можен транспорт на дрогата, од страна на полициски службеници запрен е влекач и приколка со охридски регистерски ознаки управуван од 34 годишен стружанец, при што во внатрешноста на 19 собни врати пронајдени се 71 полиетиленско пакување во правоаголна форма, со 40 килограми висококвалитетна марихуана.
Стружанецот кој го организирал транспортот на дрогата, заедно со уште еден сограѓанин кој привремено престојувал во Цирих, го ангажирале возачот на камионот за да ја транспортира марихуаната по цена од 500 евра по килограм.
Како што соопштуваат од МВР, според првичните процени цената на запленетата марихуана би достигнала околу 160 000 евра.
OhridNews