Марихуаната била пронајдена во внатрешниот дел на возилото, во фабричките шуплини под страничниот тапацир кај задните седишта на двете страни, спакувана во 8 пакетчиња – зелени најлонски кеси облепени со кафеава самолеплива лента.
Од спроведената предистражна постапка утврдено е дека осомничениот, за надомест од 1000 евра, требало да ја прнесе марихуаната од Албанија до Софија. Според изјавата на осмничениот, организатор на транспортот на дрогата е бугарски државјанин од кој осомничениот претходно го купил возилото и од кого добил детални насоки за транспортот.
Имено, откако се сместил во хотел во Тирана, осомничениот го оставил возилото и клучевите на паркингот пред хотелот. Утрото возилото му било повторно оставено на истото место на паркингот. Така подготвеното возило требало да го однесе до Софија, да го остави на определен паркинг и да се врати да си го земе за 4 часа, за кое време дрогата ќе била извадена од возилото, а парите за услугата ќе му биле оставени во касетата во возилото.
Сторителот и марихуаната се предадени на царински инспектори од Одделението за истраги заради преземање на понатамошни предистражни дејстивија.
Против сторителот, кој е изведен пред надлежен судија, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.