Имено,на 6- ти декември за влез во државата на граничниот премин Ќафасан се пријавил автобус со гостиварски регистарски таблички, управуван од македонски државјанин, кој сообраќал на редовна релација Италија-Македонија.
Иако возачот одговорил дека нема ништо да пријави за царинска контрола, царинските инспектори пристапиле кон преглед на автобусот и во пределот наменет за багаж на персоналот (возачот) пронашле најлонска кеса со 1.020.000,00 денари за кои возачот не поседувал никакви документи.
Согласно законските прописи, 120 илјади денари му се вратени на возачот, а 900 илјади се одземени.
Парите се депонирани во Трезорот на Народна Банка на Република Македонија, а против прекршителот е изготвен записник за сторен девизен прекршок и започната е постапка за утврдување на одговорност пред Комисијата за прекршоци при Царинска Управа на Република Македонија.