1.396 непријавени резервни делови за кафемати (дозери, пумпи, вентили, филтри, термопрекинувачи, црева, гумички, метални шајбни, метални осигурувачи и др.) и 3,4 килограми средства за чистење на кафемати, се заплетени на граничниот премин Ќафасан.
При контрола на патничко возило со македонски регистарски таблички, со кое за влез во државата се пријавиле тројца македонски државјани, цариниците ја пронашле непријавената стока во багажниот простор и во просторот за резевна гума на возилото.
OhridNews