3 999 килограми цемент се откриени на царинската испостава Ќафасан-отсек за стоково царинење, при контрола на товарно возило со македонски регистерски таблички.

Како што информираат од Царинската управа, возилото натоварено со цемент, било пријавено за увозно царинење за фирма увозник од Битола. Поради неусогласеност на податоците за вкупната тежина на возилото и стоката според приложените документи и белешката од вагата, царинските службеници извршиле истовар на стоката и премерување на празното возило, при што е утврдено дека во возилото има вишок од 3.990 кг цемент, што не е опфатен со царинската декларација.

OhridNews