Португалскиот стручњак на клупата од Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо важи за еден од тренерите без влакна на јазикот, но во интервјуто за ФИФА го задржа својот принцип и не одговори на едно прашање.
„Специјалниот“, како што го нарекуваат британските медиуми, никогаш, во ниту едно интервју нема составено најдобар тим од фудбалерите кои ги водел.
– Секогаш оддолевам да одговорам на ова прашање, а така ќе биде и сега. – рече кратко Мурињо за прашањето околу неговата најдобра 11-ка.
Потоа, Мурињо даде објаснување зошто не одговора на ова прашање и ги резреши сите дилеми. – Толку многу фудбалери ја имаат дадено својата душа и крв играјќи за мене, затоа неможам да ги именувам најдобрите. На пример од голманите кој да го прескочам Витор Баија, Петр Чех или Жулио Цезар. Да одиме понатаму, Жорж Коста, Рикардо Карвање, Марко Матераци, Лусио, Валтер Самуел, Џон Тери кој од овие да не го вклучам во мојот тим. Или пак Микел Есиен, Весли Снајдер, Немања Матиќ, Коштиња, Маниш и Чаби Алонсо. Јас никогаш не ги заборавам моите борци, затоа неблагодарно е да составувам тим.
OhridNews