На утрешниот концерт на Ансамблот за народни игри и песни на Македонија „Танец“  специјален гостин ќе биде познатата пејачка Сузана Спасовска, а свој настап како предгрупа ќе има и фолклорниот ансамбл „Бисери“ при Центарот за култура.

Концертот ќе почне во 20 часот во големата сала на Центарот за култура „Григор Прличев“. Картите по цена од 150 денари се пуштени во продажба на билетарата на центарот.

OhridNews