На концертот во чест на 30 – oт роденден на Тоше, ќе биде промовирана нова песна
16.01.11 00:05
По повод 30-от роденден на нашата музичка легенда, Тоше Проески, на 25 јануари во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи концерт „Со љубов од Тоше“.
Покрај негови пријатели и соработници ќе настапат деца од хорот „Златно славејче“ и членовите на музичкиот кабинет од Крушево кои премиерно ќе ја испеат композицијата „Пасворд“, на музика на Тоше, со стихови на Огнен Неделковски и аранжман на Валентино Скендеровски.
– Концептот на концертот ќе биде поразличен од двата досега одржани меморијални концерти за македонската ѕвезда. Овој пат идејата ја дадоа фановите. Според нивна желба тие сакаат целата вечер да го носи „печатот“ на Тоше, да ги слушаат неговите песни, да го гледаат неговиот ведар и насмеан лик на видеоснимки, кои ќе се прикажуваат на три лед-екрани, и да ги пеат неговите песни заедно со пејачите кои ќе пеат на сцена, информира фондацијата.
На концертот ќе биде промовирано третото постхумно цеде „ Со љубов од Тоше “ кое ќе содржи 15 песни од кои 12 се од светската рок-антологија кои Тоше ги изведуваше на своите концерти, две песни се познати хитови, а досега неслушнати во негова интерпретација (едната е од Елтон Џон, а другата од Витни Хјустон), а 15-тата песна е „Наслони главу на моје раме“, која ќе биде промовирана на радијата непосредно пред концертот.
Концертот ќе се одржи со поддршка на ЕВН, „Аворд“ и Министерството за култура.
На 12122025 година во 23:30 часот, на улицата „Прва Македонска ударна бригада“ во Охрид, приведено е 53-годишно лице од Охрид При извршен преглед од страна на полициските службеници од криминалисти...
На 12/13122025 година, при вршење на патролна служба во водите на Охридското Езеро во близина на селото Пештани, полициски службеници од полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“, про...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 150 метри има во Кичево и Ботун, информира ЈП „Македонија пат“ &nb...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.