На големата конвенција за пушачи и колекционери на лули во Илиноис пушењето е забрането.

Со новиот закон што е на сила во таа америчка сојузна држава, пушењето на јавни места е забрането.


Организаторите се обиделе да ги уверат властите дека се работи за приватен собир, но полицијата и претставниците на власта навеле дека забраната за пушење мора да се поштува.

На конвенцијата присувствувале 4.000 колекционери на лули од повеќе од 60 држави. На неколку метри од центарот кеде што се одржала конвенцијата, бил поставен шатор за пушачи.