Во продолжението на филмот „Зулендер“ главната улога ќе ја толкува Бен Стилер, додека Хансон Мекдоналд ќе го игра Овен Вилсон. На Лејди Гага и било понудено да ја игра главната женска улога за 3,5 милиони долари. Доколку не се согласи, таа улога ќе и биде понудена на Кејт Мос, Кејт Аптон, Адриана Лима или Хајди Клум.

Гага би играла девојка по која лудуваат двајца манекени. Изворот кој ја пласирал информацијата рекол дека Гага е на врвот на листата на филмската екипа бидејќи имала став, талент и одличен смисол за хумор. Филмот ќе се снима следната година.