Ливерпул иако се поврзуваше со многу фудбалери во летниот преоден рок кој се уште е активен нема да ја засилува екипата за сезоната која следува во Премиер лигата.


На Енфилд пристигнаа четири фудбалери и тоа Саидо Мане, дефанзивецот Жоел Матип, Србинот Марко Грујиќ и голманот од Мајнц, Лорис Кариус.

– Ако тргниме по играчи кои не можиме да ги донесиме зошто да се трошиме не потребно. Многу е важно да се сконцетрираме на играчите кои ги имаме и од нив да извадиме максимум на теренот. Јас лично многу сум задоволен од играчите кои поседувам и од оние кои ги доведев. Нормално, сите очекуваат големи имиња, но тогаш и притисокот за резултати ќе биде поголем. – рече Јирген Клоп.

Германскиот стручњак минатата година го презеде кормилото на тимот од Енфилд и успеа да стигне до финалето во Лигата на Европа.

– Никој не зборува за нашите натпревари кои ги одигравме минатата сезона. Сите зборуваат за Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед и нивните трансфери. Наша работа е да го крениме духот на играчите, а тогаш и публиката ќе биде погласна и желна за добри мечеви. – заврши Клоп.

Сезонава, „црвените“ по подолго време немаат да бидат дел од европско натпреварување откако минатата завршија на седмата позиција која не водеше во Лигата на Европа.

OhridNews