На 10-годишната Ева итно и е потребна помош за да продолжи да трча, да се смее и да сонува. Ова радосно, љубопитно и храбро дете се соочува со остеосарком, редок и агресивен малиген карцином на коските. Ваквата дијагноза не може да се лекува во Македонија.

Туморот е класифициран како високо степен и брзо се шири, лекарите советуваа итно лекување во странство во специјализирани центри. Ева веќе е примена во специјализирана клиника во Минхен, каде ја очекува тежок и долг третман: интензивна хемотерапија, операција и повторна хемотерапија.

Лекувањето на Ева чини 15,5 милиони денари. Средствата се наменети за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија. Секој придонес значи чекор поблиску до нејзиното оздравување. Секоја споделена порака значи надеж повеќе.

Средства за лекување на малата Ева може да донирате на платформата ecrowd.mk, каде во тек е кампања за собирање средства за покривање на трошоците за медицинското лекување во Германија.

OhridNews