Во текот на двата фестивалски дена, посетителите ќе можат да уживаат во музиката на врвни диџеи од Германија, Америка, Македонија, која ќе биде за сечиј вкус.
– Идејата за покренување на еден ваков фестивал пред се значи да се понуди нешто сосема поинакво од она што во моментов се нуди на музичката сцена во регионот, нешто што ќе представува вистинска алтернатива на постоечките музички забави и манифестации. Ваквиот концепт од самиот почеток наиде на огромен интерес во јавноста и кај музичките професионалци, велат организаторите кои потенцираат дека посетителите на фестивалот ќе имаат можност истовремено да уживаат во спојот на недопрената природа и музичките звуци.
Ќе бидат уредени и терени со шатори за изнајмување.