Капитенот на Барселона, Лионел Меси одигра спектакуларен меч со Еспањол во дербито на колото во шпанската Ла лига. Аргентинецот постигна два маестрални погодоци од слободен удар во триумфот (4-0) и ја зачини победата.

Меси прв пат во кариерата постигнува два погодоци од слободен удар во еден натпревар. Во последните четири календарски години Меси постигнал 19 голови од слободен удар, а него не му се рамни ниту цели екипи. На пример, Јувентус има вкупно 18, екипите на Рома, Лион, и Реал Мадрид имаат по 14, а Баерн Минхен 12.

Следен презвик за Меси ќе биде учинокот на Синиша Михајловиќ. Српскиот фудбалер во текот на играчката кариера успеа да постигне три погодоци од слободен удар во еден натпревар. Михајловиќ три пати прецизен беше на дуелот помеѓу Лацио – Сампдорија кој заврши 5-2.

OhridNews