Денеска ќе преовладува променливо облачно време, попладне и во текот на ноќта кон вторник со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни проследени со грмежи и засилен ветер, во форма на невреме, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи на Македноија.
Максималната температура во Охрид денеска ќе достигне до 16 степени Целзиусови.
Утре ќе биде уште посвежо. Во западните делови ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд, каде се очекува зда наврнат над 50 литри воден талог, а во источните делови врнежите ќе бидат со променлив интензитет. Ќе дува умерен до силен ветер од југоисточен правец. Максималната температура во Охрид ќе достигне до 14 степени.
Врнежливо време ќе имаме и во наредните денови.
OhridNews













