На местото на дрвениот крст, кој беше оштетен во инцидентот што се случи ноќта помеѓу 28 и 29 јануари, на црквата Св. Богородица во струшкото село Боровец, деновиве е поставен нов, метален крст. Локалното православно население се надева дека во селото во кое отсекогаш сложно живееле христијани и муслимани нема да се повторат вакви немили настани кои ја нарушуваат довербата меѓу луѓето.

Инаку, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, вчера, изјави дека полицијата повикала на разговор повеќе лица за кои постои сомневање дека стојат зад инцидентите кои ги подигнаа меѓуетничките тензии во струшко.


Крстот вратен на место, ќе се врати ли довербата?

OhridNews